НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Претседавањето со ОБСЕ дел и од Рефлексија 2030

0
By Mirjana on January 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 21 јануари 2022 година, во просториите на МНР се одржа тематска дискусија во рамки на проектот Рефлексија 2030, чија цел е резвивање на Стратегијата за надворешна политика за следните 10 години. Денешната дебата беше посветена на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Воведно обраќање на настанот имаше министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ja претстави визијата, како и преземените активности во функција на квалитетна подготовка на проактивно и препознатливо претседавање со ОБСЕ и промоција на нашата надворешна политика во еден поширок мултилатерален контекст.

„Претседавањето со ОБСЕ e наш врвен приоритет во наредните години. Од почетокот на оваа година сме дел од ОБСЕ Тројката претседавачи,  истовремено ќе претседаваме и со медитеранските партнери и азиските партнери за соработка на ОБСЕ (2022/2024). Оттука, овој линк меѓу претседавањето со ОБСЕ и Стратегијата за надворешна политика 2030 е логичен, разбирлив и нужен. Денес, дискутираме за сериозноста на предизвикот, за визијата и за тоа како преку нашиот нов капацитет можеме да придонесеме кон стабилноста,  соработката и просперитетот во регионот на ОБСЕ. Инпутот што ќе го добиеме, несомнено ќе придонесе кон овие процеси во функција на изработка на солидна платформа за нашето претседавање.” – истакна МНР Османи.

Целта на оваа тематска дискусија беше да се иницира своевидна рефлексија за можните  приоритетни области, предизвиците и очекувањата, како и за нашиот профил како држава претседавач.

На настанот учествуваа членови на Стратешкиот совет на МНР, на Работната група при МНР задолжена за подготовките за претседавањето, претставници на академскиот свет, тинк-тенк заедницата, итн.

МНР РЕФЛЕКСИЈА 2030 Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.