НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илхан Ќучук: Јасно е дека  Европа го насочува фокусот кон Западниот Балкан

0
By Mirjana on January 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Балканот е во срцето на европскиот континент, тие носат лузни кои не потсетуваат и на несигурноста на мирот и на нашата унија“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон претставувајќи ги приоритетите на француското претседателство пред претениците во ЕП.

epa09694765 French President Emmanuel Macron (C) delivers a speech in the context of the French Presidency of the Council of the European Union at the European Parliament in Strasbourg, France, 19 January 2022. France will chair the European Council from 01 January 2022 to 30 June 2022. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

„Затоа сега сме повикани да знаеме како да ги преиспитаме нашите односи со земјите од Западен Балкан. Тоа според францускиот претседател не треба да биде „членство против, за да се одбијат странските обиди за дестабилизација на сегашно време, туку членство за пристапување на проектот (на ЕУ) во разумен рок“.

Во врска со оваа изјава на францускиот претседател НОВА побара коментар од европратеникот и известувач на ЕП за Македонија, Илхан Ќучук.

„Франција ќе вложи повеќе енергија на крајот на своето претседателство, и не случајно во месец јуни е планирана средба помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан. Се разбира таа идеја е сè уште многу општа и нема конкретна манифестација, форма и содржина, но самиот факт дека претседателот Макрон ја извади од ракав темата за Западниот Балкан, нешто кое што не беше во неговиот дневен ред претходно, значи дека тој е посветен.

Посветеноста на Франција е важна за регионот, затоа што веќе имаме освен добрата позиција на Германија која традиционално го разбира регионот и силната поддршка на Франција, а со тоа дефинитивно ќе видиме посветеност на држави како Холандија и уште неколку . Јасно е дека  Европа го насочува фокусот кон Западниот Балкан со што ќе се расветлат проблемите, но ние не сакаме да бидат решени овие прашања кои што и без тоа постојат, како борбата со организираниот криминал и корупцијата, владеење на правото, се важни теми, слобода на медиумите, теми кои се дел од демократкиот процес. Но важното е дека камерата на Европа, ќе го гледа и геополитичкиот недостиг на Европската Унија во регионот, но и можноста државите од Западниот Балкан да бидат дел од тоа цивилизациско пространство на Европската Унија” вели Ќучук во неговиот коментар за обраќањето на францускиот претседател пред ЕП.

Тој исто така нагласи дека во мометов во ЕУ се води дебатата за иднината на ЕУ во која една од темите е и тоа како ќе продолжат понатаму интеграциските процеси.

“Очигледно е дека ќе има Европа која е во центарот – Стара Европа и уште неколку држави, Европа која е повеќе кон периферијата, но ќе има уште и трет круг од држави,кои треба да се вклучат во европската идеја. И конференцијата за иднината на Европа точно тоа го дискутира во моментот, по кој пат да тргнат државите и се разбира како треба да бидат вклучени државите од Западниот Балкан, затоа што тоа е прашање на безбедност, прашање на вредности и не на последно место е прашање на интерес, на европски интерес” вели Ќучук во изјава за НОВА.

Борјан Јовановски

за Франција Западен Балкан Ќучук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.