НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократски сојуз: Неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за политичка дискредитација

0
By НОВА ТВ Balaban on January 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од еден месец, Демократскиот сојуз и други партии од владејачката коалиција се предмет на неосновани напади од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на било кој начин, било кој од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство, рече Димитровски

Демократскиот сојуз, на денешната прес конференција, ги презентираше фактите во врска со обвинувањата од страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, нагласи:

‘’На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, изнесени се дрски лаги и конструкции во врска со работењето на претпријатието „Градски паркинг“ под раководство на Борче Јакимовски, кадар на Демократскиот сојуз.

Повеќе од еден месец, Демократскиот сојуз и други партии од владејачката коалиција се предмет на неосновани напади од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на било кој начин, било кој од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ најмалку можат да напаѓаат, паушално и неосновано, од Белата зграда, градена со капитал стекнат на криминален начин. Тие се партија против чие раководство се водат голем број кривични постапки, а поранешни највисоки државни функционери се осудени на правосилни казни затвор за тешки облици на криминал и корупција.

Досега никој не добил гратис карта за паркирање, ниту пак за бесплатно паркирање. Списоци нема, тие се конструкции и фалсификати на актуелниот директор, за што ќе следи кривична тужба. Претпријатието работи согласно законите и одлуките на градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Инаку, „ЈП Градски Паркинг“ работи на пазарни основи при што над 270 вработени секојдневно ги извршуваат своите работни задачи. Претпријатието 2021 година ја заврши со вишок на средства од над 27 милиони денари, доволни за исплата на четири плати на вработените.

Нема донации и субвенции ниту од градот ниту од Владата, парите за кои Советот на градот донесе одлука да му се дадат на претпријатието, се компензација на комуналната такса во износ од 10 отсто. Имено, ако се наплаќа паркинг билет по цена од 30 денари, 18 отсто одат за ДДВ, а 10 отсто за комунална такса или 3 денари, кои одат во Градот, а потоа Градот му ги враќа на претпријатието за да се задржат пониски цени за паркирање. Тоа е така секоја година.

Плаќањето на комуналната такса во износ од 33 милиони денари за минатата година е одложено од претходниот директор бидејќи сме во КОВИД криза, каде што има намалено паркирање, како и можноста да се воведат дополнителни рестриктивни мерки и сл. при што прометот ќе се сведе на минимум. Од таа причина директорот Јакимовски овие средства ги има оставено на залиха за нормално сервисирање на претпријатието, за исплата на плати, комунални трошоци и даноци кон државата.

Борче Јакимовски е еден од најчесните и најдобрите менаџери, кој успешно го водеше претпријатието 12 години, без било каква дамка. Отворени сме за било каква контрола на работењето на директорот Борче Јакимовски.

Сакаме да им порачаме на ВМРО-ДПМНЕ, дека не сме сите исти. Има и чесни директори, министри и политичари.’’

Демократскиот сојуз Зоран Димитровски прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.