Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека очекува покана од него за средба.
Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори. Според него, има десетици причини за предвремени парламенатaрни избори.
„Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада“, изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.
Мицкоски информира дека веќе од понеделник преку Собранието партијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица.