Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирил Божиновски сведок во „Плацеви на Водно“: Не сум му давал пари на Груевски во готово

0
By НОВА ТВ Balaban on January 24, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 24, 2022 13:16

Сведок во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ денеска беше Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и генерален секретар на владата на Груевски.

„Дали некогаш сте му дале во готово пари на Груевски? “ праша одбраната, на што сведокот одговори негативно. Тој одговори дека многу ретко влегувал во кабинетот на Груевски во старата зграда на ВМРО ДПМНЕ и дека не се сеќава дали имало сеф таму.

На сведокот му беа поставени и прашања за поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски кој сведочеше на почетокот на минатиот месец дека добивал материјали и документи со назнака дека се за генералниот секретар во тоа време – Кирил Божиновски.

– Кога јас бев именуван за генерален секретар, Чинговски беше разрешен од функцијата во ИК на партијата и сум немал контакти, но како генерален секретар на владата тој често ми доставуваше информации. Притоа класифицираните информации доаѓаа лично до мене кои јас ги распоредував, рече сведокот.

Не можам да се сетам на конкретен разговор со Чинговски или за приговарање во врска со содржината на пратките, додаде сведокот.

Дали бевте блиски со Груевски, праша одбраната, на што сведокот рече дека приватна комуникација немал и дека неговите контакти биле во рамки на работата и функцијата што ја извршувал. Адвокатот на Груевски го праша и дали поранешниот премиер му кажал дека купил земјиште, дали имал желба да купи земјиште и дали купил станови во Скопје, сведокот повторно одговори со „не“.

Сведокот одговори со „апсолутно не “, кога одбраната го праша дали Груевски барал од него некакви услуги за купување земјиште во негово име. Сведокот појасни дека контактите со Чинговски биле во времето кога тој ја извршувал функцијата во тогашната влада како генерален секретар и исклучиво за активности поврзани со ЕЛЕМ и Владата.

На прашање на судијата Трпков, дали Чинговски му донел финансиски средства некогаш, сведокот кратко одговори – „апсолутно не“.

Чинговски, пак, кога сведочеше се пожали дека како поштар доставувал пратки кои биле наменети за Божиновски, а кои никогаш не ги отворал, но изрази сомневање дека можеби во нив имало и пари.

Како сведок на одбраната денеска се појави и лиценциран вештак кој во детали објасни дека кога општината Центар го усвоила Деталниот урбанистички план парцелите на 18 јули 2014 од земјоделското земјиште станале градежно земјиште, наменето за градби за домување во станбени куќи.

На денешното рочиште требаше да сведочи и поранешниот телохранител на Груевски, Дејан Митревски Урко, но овој сведок во судница ќе дојде на следното рочиште на кое се очекува свои искази да дадат и Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје како и Александар Бичиклиски од ВМРО ДПМНЕ.

Освен Груевски, обвинети во овој предмет се и бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ. Првообвинет е експремиерот Никола Груевски, кој избега во Будимпешта и нему му се суди во отсуство.

Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.

Стојанка Митреска
Кирил Божиновски Плацеви на Водно сведок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.