НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Солидарноста и взаемната поддршка е зајакнување на пријателството меѓу народите на Северна Македонија и Бугарија

0
By Biljana on January 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на покана на премиерот на Бугарија Кирил Петков присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари“. 

Оваа награда традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани кои оствариле големи остварувања и хумани дела за својот народ и за својата земја.

Премиерот Ковачевски наградата „Достојни Бугари“ му ја врачи на пожарникарот Давид Галабов, како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнената стихија.

„Пожарникарот Галабов по втор пат ја добива оваа награда, а првиот пат ја добил заедно со своите колеги заради пожртвуваното учество во справувањето со поплавите од 2016 година во мојата земја, во Северна Македонија“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски изјави дека граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да ја заборават подадената рака на Бугарија и тогаш во 2016 година, но и лани кога нашата земја беше зафатена од големи пожари, за кои меѓу првите, помошта дојде од нашите соседи. Пријателска Бугарија и нејзините медицински и здравствени работници покажаа исклучителна професионалност и во случајот на сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ кога 47 наши сограѓани го загубија животот во стравичната трагедија.

„Ние никогаш нема да го заборавиме сочувството и помошта која тогаш беше пружена“, истакна премиерот Ковачевски на церемонијата на врачувањето на наградата.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски им честиташе на пожарникарот Галабов, и на сите добитниците на наградата и испрати порака на охрабрување за солидарност и помош како обврска да вратиме со добро кон заедницата.

Премиерот Петков ова високо признание им го врачи на бугарските спортистки носители на златен медал на последните Олимписки игри во Токио, како и две деца што собирале средства за нивната болна мајка со продажба на лимонада на свој штанд.

Димитар Ковачевски Официјална посета на Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.