Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемија на насилство во училиштата – истражување на „Аналитика“

0
By Biljana on January 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 14:06

62,7% од учениците потврдуваат дека врсничкото насилството е често или постојано присутно во училишната средина, покажало истражувањето на Тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведено во три средни училишта во Скопје.

Наодите од истражувањето, даваат поразителна слика за тоа колку и во каков облик се јавува насилството. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, понатака според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството. Високи 70% од учениците сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат анонимни пријавувачи.

На прашањето „Дали сметате дека наставниците посветуваат доволно време за едукација на ученииците за превенција и справување со насилството„ висок процент на ученици, односно 82,3%, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Речиси во сите училишта постои кодекс на однесување како и кодекс за постапување при насилство. Но сепак истиот не е препознаен или не е презентиран на учениците на начин на кој би требало. Кај 43% од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина.

Бојана Мијовиќ Христовска од „Аналитик“ кажува дека согласно истражувањето, високи 83,6% покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата. Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки.

Тамара Мијовиќ Спасова од „Аналитика“ смета дека за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата. Од добиените одговори забележуваме дека 60% од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои
имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив, и да создадат безбедна и здрава околина.
Од Аналитика сметаат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

Спасова додава дека е потребно на учениците да им се овозможи да учествуваат во донесување на правилата во училиштето, бидејќи и на тој начин тие ќе партиципираат и подобро ќе ги разберат и почитуваат истите. Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е
континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел истите да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима.

Истражувањето било спроведено во средните училишта СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”, а било спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав.

„Целта на ова истражување беше да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите“, велат од „Аналитика“.

Истражувањето било изработено во рамки на проектот “Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, што го спроведува Аналитика – Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Аналитика врсничко насилство истражување насилство средни училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.