НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: На ВМРО ѝ пречат Албанците на чело на институциите во државата

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Демократската унија за интеграција смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на ДУИ се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалиционите партнери.

– На ВМРО ДПМНЕ и пречи стратешката определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција, затоа има тенденција да фрла прашина на докажаната проевропска зелена агенда за развој на државата преку пласирање на неосновани обвинувања, велат од ДУИ.

Овие медиумски изјави на ВМРО-ДПМНЕ, според партијата на Ахмети, се бледа копија на кампањата на СДСМ пред неколку години со ист вокабулар и со иста цел.

– Спроведените проекти и конструктивниот пристап на кадрите на Демократската Унија за интеграција ја демаскира политичката демагогија на ВМРО која покажува знаци на неоснована нервоза од успесите на Албанските кадри во водечките државни институции и политики. Демократската Унија за интеграција води транспарентни политики за развој на државата, со конкретна и докажана програма за добро владеење, со кадровски реформирана извршна власт, која е неспорен фактор на стабилност, велат од партијата.

Според ДУИ, „ВМРО мора да научи и да ја прифати реалноста за рамноправното вклучување на Албанците и дека времињата на политики против Албанците, против соседите, против НАТО и ЕУ никогаш не можат да се вратат во нашата земја.“

– Жално е да се види како фрустрацијата на ВМРО ги води на маргините на социјалната толеранција. Неосновани обвинувања, лаги и измислени заговори не и одговараат на една партија која претендира да ја води оваа земја. ВМРО по неуспешниот обид за државен удар заедно со Левица, Беса и Алијанса не може да ги надмине емоциите и наместо да нуди решенија и предлози до граѓаните на Северна Македонија, нудат лаги и измами.

Ќе продолжиме да се бориме за доброто на нашите граѓани, обезбедувајќи подобар квалитет на живот, иницирајќи програми и проекти кои се создадени за зајакнување на економијата и подобрување на животот на нашите граѓани на кои им служиме, велат од Демократската унија за интергација.

Ахмети ВМРО-ДПМНЕ Демократската Унија за интеграција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.