НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија за мразот на Монт Еверест: Се создаваше 2.000 години, се стопи за околу 25

0
By Sashko on February 4, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: history.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Највисокиот глечер на највисоката планина на светот, Монт Еверест, секоја година губи децениски мраз поради климатските промени предизвикани од човекот, покажа нова студија, јави „Си-Ен-Ен“.

Откритијата служат како предупредување дека брзото топење на глечерот на една од највисоките точки на Земјата, може да донесе уште полошо климатско влијание, вклучувајќи и почести лавини и сушење на изворите на вода, на кои, околу 1,6 милијарди луѓе во планинските масиви сметаат на нив за пиење, наводнување и хидроенергија.

Мраз, на кој му требаше околу 2.000 години да се формира, се стопи за околу 25 години. Што значи дека се разредил околу 80 пати побрзо, отколку што се формирал.

Додека топењето на глечери е нашироко проучувано, малку научно внимание се обрнува на глечери на највисоките точки на планетата, наведуваат истражувачи во студијата, објавена во Nature Portfolio Journal Climate и Atmospheric Science.

Тим на научници и планинари, вклучувајќи шестмина од Универзитетот во Мејн, го посетија глечерот во 2019 година и земаа примероци од леденото јадро долго десет метри. Тие, исто така, ги инсталираа двете највисоки автоматски метеоролошки станици во светот, со цел да соберат податоци и да одговорат на прашањето: Дали се погодени најнедостапните глечери на Земјата, од климатските промени предизвикани од човекот?

Одговорот е дефинитивно „ да“ и многу е значајно, уште од доцните 1990-ти, изјави Пол Мајевски, лидер на експедицијата, како и директор на Институтот за климатски промени на Универзитетот во Мејн.

Според истражувачите, откритијата не само што потврдуваат дека климатските промени, предизвикани од човекот, ги допреа највисоките точки на Земјата, но, исто така, и дека ја нарушува критичната рамнотежа, што ја обезбедуваат површините покриени со снег.

Станува збор за целосна промена од тоа што е доживеано во таа област, во текот, на веројатно целиот период, на окупација од страна на луѓето во планините. И се случи многу брзо, изјави Мајевски за „Си-Ен-Ен“.

Истражувањето покажа дека кога мразот на глечерот бил изложен, изгубил околу 55 метри мраз во четвртина век. Истражувачите забележаа дека глечерот се трансформирал, од снежна обвивка во претежно мраз, а таа промена можела да настане најрано во 1950-тите години. Но, загубата на мраз стана поинтензивна од крајот на 1990-тите.

Оваа трансформација во мраз, укажува дека глечерот не може повеќе да рефлектира зрачење од сонцето, па така, се топи побрзо.

Симулации покажаа дека, поради екстремна изложеност на сончево зрачење, топење или испарување во овој регион, може да се забрза за повеќе од 20, штом снежната покривка се трансформира во мраз. Падот на нивоата на релативна влажност и посилен ветер, исто така се фактори.

Покрај сите влијанија врз тие кои зависат од водата од глечери, моменталната стапка на топење, исто така, ќе ги направи експедициите на Монт Еверест многу попредизвикувачки, додека снегот и покривката со мраз ќе се намалуваат во наредните децении, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Поларните мечки беа иконски симбол за затоплување на Арктикот и губењето на морскиот мраз. Ние се надеваме дека тоа што се случи високо на Еверест, ќе биде уште еден иконски повик и демонстрација“, додаде Мајевски.

Експедицијата во 2019 година постави три гинисови рекорди: земен примерок од ледено јадро на највисока морска височина на 8.020 метри, микропластика пронајдена на највисока надморска височина на земјата – која најверојатно е од облека или шатори, пронајдена на 8.440 метри, како и метеоролошка станица на земјата на највисоко, инсталирана на „балконот“, гребен кој се наоѓа на 8.430 метри надморска височина.

Станицата е првата инсталирана во, како што е позната, „смртната зона“, поради опасните услови за планинарење (зона над 8.000 метри), каде нема доволно кислород за да се одржи во живот, надвор од кратки временски периоди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.