Синоќа на полноќ, во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција (БЈБ) и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување (ЕБР) во координација со Управата за јавни приходи (УЈП) и Државен пазарен инспекторат (ДПИ) при контрола во угостителски објект во с. Грчец, скопско констатирале низа неправилности во работењето: угостителскиот објект немал регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на (ДПИ) објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби.
Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.