Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еурактив“: Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 11:39

Наместо да биде лидер на европската интеграција на Северна Македонија, Бугарија нема интерес да ја обиколи соседната држава со нов берлински ѕид, вели во изјава за „Еурактив“ бугарскиот професор Иво Инџов, експерт за политички комуникации.

Според него, Бугарија не може да си дозволи да го блокира својот западен сосед долго време бидејќи тоа ќе создаде нов антибугарски бран во македонското општество.

Инџов исто така смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков е во право дека со интензивирањето на економската соработка, може да се создаде атмосфера на доверба меѓу двете држави.

Бугарскиот професор по историја Стефан Дечев, пак, верува дека надворешната политика треба да се остави да ја води Владата во Софија.

Тој се согласува со изјавата на премиерот на Бугарија Кирил Петков, дека Софија многу задоцнила со пристапот кон Северна Македонија.

– Единствениот проблем што го гледам е дека Владата не ги користи медиумите на најдобар начин за да ја објасни својата политика, вели тој во изјава за „Еурактив“.

 

Во текстот „Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје“ на „Еурактив“ се потсетува дека Петков се обидува да го промени пристапот кон Скопје со цел да го надомести изгубеното време, како што вели, од 30 години. Тој замина во прва посета на Скопје веднаш откако беше избрана новата македонска Влада. Неколку дена подоцна, неговата посета беше возвратена со нова форма на заедничка владина седница на двете влади што се одржа во Софија на крајот на јануари.

Во исто време, Софија најави и дека ќе го интензивира дијалогот со земјите-членки на ЕУ што не го разбираат ветото кон Северна Македонија.

Во отсуство на политика, се наведува во текстот, медиумите пренесуваат остра реторика – на пример, бугарското МНР, по средбата на Пендаровски со претставници на „ОМО Илинден“. Во Бугарија оваа организација беше регистрирана како партија во 1999 година, но регистрацијата беше укината една година подоцна. Радев ги нарече нивните претставници дека имааат „сепаратистички ставови и претензии кон малцинство“ – токму поради овие причини организацијата беше прогласена за неуставна.

Сепак, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од страна на „ОМО Илинден“ и инсистираше таа да биде регистрирана, потсетувајќи на основната вредност на ЕУ – правото на слободно самоопределување. Бугарија постојано ги игнорираше одлуките на ЕСЧП на оваа тема, а организацијата сè уште се смета за ризик за територијалниот интегритет, додава „Еурактив“.

За разлика од претседателот, додава изданието, премиерот Петков ја игнорираше темата „ОМО Илинден“. Неговата еманципација од Радев, неговиот поранешен ментор, поминува низ голем тест: падот на Берлинскиот ѕид за Скопје. Ако успее, тоа нема да му донесе слава – веќе ќе биде успех ако не биде прогласен за „народен предавник“, се наведува во текстот на „Еурактив“.

Берлински ѕид еуроактив Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.