НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува разврската на случајот за Ембла Адеми: Комисијата за заштита од диксриминација денеска ги распрашуваше родителите и вработените во училиштето

0
By Biljana on February 7, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: ТВ21/Printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, денеска во Гостивар ја продолжи истрагата околу случајот со Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром, кој предизвика бурни реакции во јавноста.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во изјава за НоваТВ вели дека членовите на Комисијата разговарале со родителите кои ја поднесоа петицијата до директорот на Основното училиште „Единство – Башкими“.

„Комисијата имаше повеќе прашања и за родителите на децата кои ја поднесоа петицијата, но и за стучните лица од училиштето во кое учи Ембла. Разговараа и со нејзните три наставнички, ги соочивме сите факти поткрепени со документи, во разговорите се вкучија и училишниот психолог и дефектолог, со цел да се добие целосната слика за овој случај. Не е целта да веднаш да се посочи виновникот, туку да се обезбедат соодветни услови за сите деца да имаат соодветно и квалитетно образование“, рече Таравари за НоваТВ.

Тој најави дека ќе побара ново експертско мислење за тоа дали Ембла Адеми и натаму треба да биде дел од „инклузивното образование“ или насоките на стручните лица ќе бидат таа да се врати во специјалната паралелка во која учела во прво одделение.

„До крајот на оваа недела ќе се видам и со родителите на Ембла. На крајот на денот, ние како локална власт мора да го направиме она што е најдобро за Ембла, за таа да добие образование како што заслужува. Да го решиме овој случај што е можно порационално, а не да стигматизираме“, вели Таравари.

Тој за НоваТВ открива дека во последниот извештај на лекарот кој ја прегледал Ембла на 12 ноември минатата година, стои оти таа била агресивна и дека физички повредила соученик.

Од Општина Гостивар велат дека основното образование Ембла го почнала во специјално училиште за деца со попреченост, но по завршување на првото одделение, а на барање на родителите била преместена во инклузивна настава во улилиштето “Единство – Башкими“. Ембла, по барање на родителите, почесто следела настава во попладневната смена.

За случајот со четвртоодделенката Ембла Адеми, постапка отвори Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Постапката беше започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека не ги пуштаат своите деца на настава.

Од Државниот просветен инспекторат за НоваТВ велат дека по извршениот вонреден инспекциски надвор во училиштето ,,Единство –Башкими – Бирлик” – Гостивар, на В.Д Директорот и на останатите тимови кои се непосредно вклучени во воспитно образовниот процес им било укажано да преземат соодветни мерки и активности за целосно вклучување на ученичката со посебни потреби во воспитно образовниот процес

„Со посебно изготвени планови и програми согласно наодите да се направи план за реализација на часовите кои не се реализирани поради бојкот на наставата на 01ви и 02ри овој месец . Поради констатирани пропусти со записник при надзорот, ќе бидат превземени соодветни законски мерки согласно член 28 од Законот за просветната инспекција, како и согласно член 119 и член 170 од Законот за основното образование“, велат за НоваТВ од Државниот просветен инспекторат

Во чест на Ембла и сите маргинализирани лица, денеска во центарот на Скопје се одржа уметничка акција „Допри ме“. Пораката која ја испратија уметниците беше да постети на „нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно, како и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации, но не на очиглед на јавноста“.

Акцијата „Допри ме“ ја спроведоa неколкуммина активисти во центарот на Скопје, кои на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“.

„Се надеваме дека на тој начин оствариуваме директен контакт со граѓаните и  ќе ја сензибилизираме јавноста за овој проблем,  барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните. Интересен е податокот дека во рамките на денешната акциија  која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа  од  околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само  поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите“, пишаа во допис организаторите и најавија вакви акции и во други градови низ Северна Македонија.

Семејството на Ембла Адеми во Гостивар денеска го посети претседателот Стево Пендаровски, кој малата Ембла и ја испрати до училиштето каде посетува настава. Тој ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла.

Алармот за Ембла Адеми, го вклучи нејзиниот татко Илир кој преку социјалните мрежи на стартот од второто полугодие објави фотографија на која пиша дека Ембла најверојатно нема да седне во училишната клупа бидејќи родителите на нејзините соученици преку петиција одлучиле да ја бојкотираат наставата. По реакциите на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, градоначалникот на Општин а Гостивар, Арбен Таравари, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права и УНИСЕФ, Ембла повторно се врати во своето одделение.

(Б.Божиновска)

Ембла Адеми КСЗД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.