Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за правда: „Негативното мислење“ е избришано од Законот, целосно ги поддржуваме новинарските слободи и права

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 16:21

Министерството за правда во врска со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и реакциите поврзани со формулацијата „негативно мислење“, објаснува дека интенцијата на работната група со ваквата формулација била во насока дека негативното мислење се однесува на нарушувањето на чест и углед во контекст на омаловажувачкото и понижувачко мислење, а не надвор од тоа.

Како што објаснуваат надлежните, членот 6 став 1 би гласел: „за навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.“.

Министерството за правда вели дека целосно ги поддржува новинарските слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.

– На законот работеше работна група во чии состав имаше членови од сите засегнати страни, вклучувајќи ги претставниците на новинарските здруженија и синдикати, судии, универзитетски професори и не може да се става сомнеж околу компетентноста на истата, велат од Министерството за правда.

Како што објаснуваат од ресорното Министерство, при формирањето на одредбите на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, биле земени предвид критиките во повеќе оценски мисии и извештаи, особено во делот на овозможување на целта на законот да не се ограничи слободата на изразување со предвидените износи за надомест на штета и да се овозможи почитување на членот 10 од ЕКЧП и Уставот на РСМ.

– Од овие причини, од страна на ангажиран експерт од УНОПС беше подготвена детална Анализа на досегашната примена на законот во нашиот правен систем, во која компаративно беа изнесени и искуства на другите земји. Работната група за подготовка на законот ги разгледа отворените прашања и подготви предлог решенија кои беа објавени на ЕНЕР, а добиените мислења од стручната и академска јавност беа инкорпорирани во овој Предлог текст на законот, велат од Министерството за правда.

Освен во членот 6 став 1, ќе се интервенира и во членот 7 и 11 поради подобрување на текстот.

Министерството за правда вели дека останува отворенo и доколку има и други предлози за подобрување на текстот , ќе ги земе предвид – затоа постојат повеќе фази во носењето на законите, да се утврдат одредени пропусти и да се коригираат за ги добиеме оптималните нормативни решенија.

Измените и дополнувањата во Предлог – Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го прават овој закон еден од најлибералните во Европа, во насока на гарантирањето на слободата на изразување. Клучниот аспект е драстичното намалување на висината на справедлив паричен надоместок за нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета. На овој начин се овозможува правото на слобода на изразување како едно од темелните човекови права особено значајно за постоење на демократско општество кое ја тестира слободата, толеранцијата и плурализмот.

граѓанска одговорност клевета навреда правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.