НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на оризопроизводителите – бараат финансиска поддршка од Владата за оризовата арпа

0
By Biljana on February 8, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протест на оризопроизводителите од кочанско. 

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки.

На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

„Денес имаме нова ситуација во оризопроизводството – зголемени цени за репроматеријалите, а откупната цена на арпата е непроменета, па дури и се намалува. Бараме со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите оризопроизводители, наместо само некои, а рокот да биде продолжен до септември оваа година. Останатите субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Исто така, бараме да се реорганизира акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати како порано, на ниво на општина и водни заедници, кога самите земјоделци можеа да се организираат околу наводнувањето на површините. Ако не се сретнеме со министерот или со премиерот, ќе ги блокираме и двете коловозни ленти на магистралниот пат“, истакна Тони Максимов, земјоделец од Облешево.

Земјоделците се пожалија дека се уште не се исплатени субвенциите за минатата година, а поддршката со ковид мерките ја добиле само 15 отсто од оние кои успеале да ја продадат арпата.

„Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот“, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението “Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.

оризопроизводителите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.