НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сертификатот за прележан Ковид-19 ќе се продолжи на шест месеци

0
By Biljana on February 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо 45 дена, важноста на сертификатот за прележан Ковид-19 да трае 180 дена – ваква предлог одлука донеле членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, вели дека со оваа одлука се прави усогласување на траењето на сертификатите за Ковид 19 во светот и во Северна Македонија со која важноста на сертификатот да се продолжи до шест месеци, или 180 дена, од денот на добиен позитивен ПЦР тест.

Предлогот ќе оди кај министерот за здравство и кај Главниот кризен штаб во Владата, по што ќе биде донесена и конечната одлука.

Сертификатот за прележан ковид, исто како и сертификатот за вакцинација, е официјален документ со кој лицата што го прележале корона вирусот ќе можат да ги извршуваат секојдневните обврски, но и да патуваат во странство

Помеѓу се уште актуелните мерки на Владата, серфитикатот за прележан Ковид-19 е потребен за влез во угостителски објекти и молови, но и за премин преку граница.

Членовите на Комисијата направиле и анализа на сите смртни случаи поврзани со компликации од Ковид-19, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје. Анализата се однесува на сите случаи на хоспитализација и смрт од Ковид -19 во периодот од 1ви до 31ви јануари 2022 година.

„Анализата покажува дека во анализираниот париод, само шест лица со примена трета или бустер доза завршиле со смртен исход, сите смртни случаи имале дополнителни болести, односно коморбидитети, како што се дијабетес,  кардио-васкуларни заболувања, карцином и обезност“, вели доктор Мехмедовиќ.

Третата препорака се однесува за лекување на пациенти со Ковид-19 и тие се изработени од работна група при Министерството за здравство и од Катедрата за семејна медицина во соработка со амтичните лекари. Препораката е тие да бидат објавени на сајтот на МЗ, на Лекарската комора и да бидат испратени до матичните лекари како и ковид центрите со цел да се олесни достапноста и примената на овие протоколи.

„И последната препорака од денешниот состанок се однесува за учениците. Дел од достапните тестови кои се во владение на Министерството за здравство ќе се користат за проценка на преносливоста на вирусот во школски услови, а дел ќе се користат за тестирање на изложените ученици во одделенијата каде што имало позитивен случај, да може да се тестираат и доколку тестот биде негативен тие ученици да продолжат со настава“, рече Мехмедовиќ и додаде дека до Комисијата досега не пристигнало барање од родители за неносење на маски во училиште, но рече дека согласно препораките на СЗО, сите деца кои посетуваат настава со физичко присуство мора да носат заштитни маски.

Во однос на укинување на сертификатите за вакцинација, по примерот на некои западно-европски земји, доктор Мехмедовиќ вели дека се уште е рано да се размислува во таа насока, бидејќи кај нас опфатот на вакцинација е многу мал или едвај 40 отсто во споредба со некои земји во Европа каде се имунизирани над 85 посто од граѓаните.

Комисијата за заразни болести, заседава во проширен состав откако министерот за здравство, Беким Сали пред дестина дена ги освежи членовите на Комисијата со нови имиња од стручната фела.

(Б.Б.)

Ковид сертификат Комисија за заразни болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.