Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11 до 16 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 318 пешаци.
При тоа, информираа од МВР, 250 се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.