Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пуштена во употреба линијата за итни случаи „112“

0
By Biljana on February 11, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 11:36

Линијата 112 на која граѓаните што ќе имаат потреба од итна помош при незгоди од денеска е пуштена во употреба. Првите десетина дена, додека се тестира, ќе биде достапна само на територијата на главниот град Скопје.

„Северна Македонија се усогласува со ЕУ каде 112 е единствен повикувачки број. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или ЦУК, граѓаните со единствено бирање на 112 може да ја добијат било која услуга односно да добијат помош за било каков итен случај“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и додаде дека за почеток линијата ќе функционира само на територијата на Град Скопје, а за десетина дена ќе може да се користи низ целата држава.

Според надлежните, се работи за комплексен систем кој во себе обединува неколку различни субјекти, министерства, противпожарните единици, кои се децентрализирани односно работат како дел од локалната власт и итната медицинска помош.

„На пример, при тешка сообраќајна несреќа, во која има повредени патници заглавени во возилото, со вртење на бројот 112, нашиот оператор веднаш ја гледа локацијата од каде што доаѓа повикот, без разлика дали се јавуваат од мобилен или од фиксен телефон, па дури и ако повреденото лице зборува неразбирливо, нашиот оператор врши проценка и веднаш јавува во МВР. Оттаму веднаш се испраќа полициска патрола, здравство испраќа екипа на ИМП, а по потреба, доколку луѓето треба да бидат извлечени од возилото, или доколку постои опасност од пожар нашиот оператор ги известува и територијалните противпожарни единици“, рече Ангелов.

Постоечките броеви за итни повици, 192, 193, 194 и 195 ќе продолжат да функционираат уште една година.

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја поздрави иницијативата и рече дека ова е практична помош која Северна Македонија ја добива од ЕУ.

„Убавината во овој случај е во едноставноста. Вртите еден број, 112 и добивате услига од сите итни сервиси. Во таа насока, граѓаните ќе се чувствуваат побезбедни, а помошта ќе пристигне побрзо“, рече Гир.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на промоцијата, рече дека единствената линија за итни случаи со тек на време ќе биде унапредувана.

 

112 итни случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.