НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградени најдобрите книжевни дела во 2021 година

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 75-годишнината од основањето ги додели годишните награди на добитниците за 2021 година.

Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување минатата година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на  „Паблишер“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга  му припадна на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“ во издание на  „Дијалог“.

Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка му е доделена на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ во издание на „Панили“.  Наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њу тајмер и олдтајмер тинејџери“ на издавачката куча „Паблишер“.

Во обраќање по повод годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија, неговата  претседателка Соња Стојменска-Елзесер истакна дека ДПМ денес има околу триста активни членови од различни генерации и со различни стилски и жанровски профилации.

– Тие денес се исправени пред многу предизвици: какви ќе бидат патиштата на литературата во иднина? Ќе опстои ли во своите познати рамки или ќе се модифицира? Новите технологии и медиуми, новите начини на комуникација, новите животни стилови, новата нормалност… што тие ќе значат за книжевниот израз? Како ќе се вклопат писателите во процесите на книжевниот пазар… И, особено важно, како ќе се презентираат и афирмираат домашните специфики пред странската читателска публика? Сите овие и многу други прашања се поставуваат пред писателите денес, рече Стојменска-Елзесер.

На годишнината од основањето, ДПМ има шест нови членови – автори кои, како што информира писателската асоцијација, добиле некоја од престижните книжевни награди и веќе стекнале сериозна писателска репутација.

Претседателството на ДПМ овојпат одлучило да направи исклучок од вообичаената практика на проширување на бројот на членови преку јавен повик на кој се пријавуваат кандидати и директно да покани за членство.

Поканата за членство во ДПМ ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска-Анѓелков и Никола Маџиров.

-Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да внесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност, соопшти ДПМ.

На 13 февруари 1947 година Друштвото на писателите на Македонија го основале: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Иван Точко, Венко Марковски, Владо Малески, Ацо Шопов и Коле Чашуле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.