НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СМО: Ја „допингувавме“ атмосферата, сведоци сме на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури

0
By Sashko on February 14, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глобалното затоплување што сега се забележува е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).

Според него, настаните во последните 100 години се единствени.

Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата, нафтата и гасот, и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас.

Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени“ со „флуктуација на времето“.

Промените на времето се случуваат од година во година, од ден во ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година. Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен „Ел Нињо“.

Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот.

„Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот. Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме“ атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури“, појасни Талас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.