НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владика Агатангел излезе од верските надлежности коментира државни и политички случувања-Синодот размислува да свика седница

0
By Biljana on February 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бурни реакции по денешната манифестација во Кавадарци. 

Традиционалното закројување на лозјата, по повод празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, во најголемиот регион познат по лозарството, Кавадарци, наместо празник на виното и грозјето, доби контекст на политички настан.

Имено, владиката Повардарски, Агатангел, во својот говор пред насобраните кавадарчани, ја искористи приликата да зборува за државни и политички теми.

„Верувам дека заедно претседателот на нашата најголема и најсветла партија, ВМРО ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, се она што го дадовме верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, Исус Христос и мајката божја, заштитничка на оваа света земја ќе му помогне на него и на сите негови соработници да се она што е наше, свето, македонско, национално да го вратиме назади нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата македонска земја“, рече Агатангел, нарекувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, најголемата и најсвета партија.

Очигледно е дека ваквата изјава го изненади поголемиот дел од граѓанството поради тоа што Агатангел си даде за право да излезе надвор од делокругот на своите верски надлежности како владика на Епархија, коментирајќи земски работи. Но, ова за воља на вистината, не е ваков прв испад на владиката.

На говорот на Агатангел, остро реагираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој исто така присуствуваше на манифестацијата во Кавадарци. Тој рече оти владиката Агатангел е штетник и срам за Црквата, бидејќи настанот го претворил во партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

„Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Мислам дека е срам за мантијата која што ја носи, и повеќе и прави срам на Црквата отколку што си прави срам за себеси бидејќи да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така и господинот Агатангел, ако може да го наречам господин, е срам и штетник за народот и граѓаните и сметам дека од МПЦ треба да се свесни кој е во нивните редови и кого испраќаат на вакви настани“, посочи Милевски.

Инаку, според Милевски, владиката Агатангел го напаѓал поголемото христијанско население и го величел лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа не му носи поени на лидерот на опозицијата. Кога стигнал лик како Агатангел да го фали, нека му служи на чест“, додаде Милевски.

Од МПЦ, пак велат дека не е исклучена можноста, ова прашање да биде отворено на седница на Синодот, додавајки дека не е прв пат владиката Агатангел со своите коментари да излегува надвор од неговите надлежности.

Она што падна во очи на денешното традиционалното закројување на лозјата, е тоа што настанот, наместо на лозје, се одржа на полоштадот во Кавадарци, Каде симболично се „закроија“ неколку пресечени дрвца.

Инаку, на настанот, покрај Мицкоски присуствуваа членови и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

(Б.Б.)

Агатангел Кавадарци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.