Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција нè учи за улогата на спортот во надворешната политика или за спортската дипломатија

0
By Mirjana on February 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 12:54

Под покровителство на премиерот Ковачевски, денеска во Скопје се одржува трибина на која француски и македонски спортски работници разговараат за тоа како спортот да се стави во функција на надворешната политика. На отворањето на трибината се обрати министерот за надворешни работи Бујар Османи кој нагласи дека му е особено мило што оваа тема се актуелизира во момент на француското претседателство со Европската Унија , дотолку повеќе што Франција е единствената земја во светот која има амбасадор за спорт а тој амбасадор Флоренс Фишер денеска учествува на оваа меѓународна трибина. Иако министерот Османи рече дека нема настанот да го „гуши“ со политика, сепак не ја испушти приликата да ги соопшти очекувањата од Француското претседателство со ЕУ.

„ Драго ми е што Франција која е претседавач  со Европската унија а за нас е важно, затоа  што го поддржува процесот на интеграција на Западен Балкан со јасно поставени стандарди и сите очекуваме оваа динамика да резултира со одлука за старт на преговорите со Унијата до крајот на јуни, рече министерот Османи.

Од своја страна францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека жали што концептот на спортска дипломатија е помалку проширен и се знае за него , а и тоа како е концепт кој може да помогне земјите да ги надминат недоразбирањата меѓусебе во спортски дух , бидејќи спортот значи стратегија на терен како што е стратегија и самата дипломатија. Бомгартнер истакна дека спортот во функција на дипломатијата би можел да даде резултат и во надминувањето на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија како нов пристап,  кој очекуваме да даде резултати, рече францускиот амбасадор.

„ Франција разви спортска дипломатија што е своевидна авангарда, со тоа што прв пат амбасадор за спорт беше назначен во 2014 година, а актуелниот амбасадор е назначен во 2019 година. Спортот е одлична можност за промоција на земјата , само колку спортски новинари ја посетиле Франција и затоа спортот има важна улога за време на француското претседавање со ЕУ, за кога се закажани две тематски спортски конференции, изјави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, на конференцијата за значењето на спортската дипломатија.

(М.Т.)

 

конференција МНР СПОРТСКА ДИПЛОМАТИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.