Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеничката Лазаревска со порака: Законот со кој се покачува платата на наставниците и стручните соработници ќе биде изгласан

0
By Mirjana on February 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 15:33
Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска  денеска излезе со порака дека таа и пратеничката група на СДСМ и коалицијата , продолжувајќи да работат во интерес на граѓаните, ќе го изгласаат  Законот за наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта, предложен од Владата,  со кој се покачува платата на наставниците и на стручните соработници  и со кој се трансформира нивниот работен однос.
Овој предлог Закон веќе цела година бил во Законодавниот дом попречуван од ВМРО ДПМНЕ, информира пратеничката Лазаревска, за сега кога е на ред неговото носење, да го пофали и да достави ист таков предлог, вели пратеничката.
– Цела година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа донесувањето на предлог Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и со тоа директно го оневозможија покачувањето на нивните плати и трансформацијата на работниот однос на над 4.700 наставници и стручни работници. Откако цела година оневозможуваше сите наставници и стручни работници во основното и средното образование да добијат повисока плата и насилно и со празни процедурални забелешки ја кочеше собраниската процедура сега ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам признава дека предложеното законско решение е добро и исто такво доставува во собраниска процедура, вели пратеничката  Лазаревска.
За жал, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување и над 4.700 наставници и стручни соработници кои со години посветено работат на образованието и воспитувањето на нашите деца ги етикетираше како партиски послушници. Ова е уште еден доказ за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ниту мисли на граѓаните, ниту сака тие да имаат повисоки плати, ниту се грижи за нивниот животен стандард, а најмалку пак се грижи за квалитетно образование на децата. Граѓаните ги препознаваат овие проѕирни игри на ВМРО-ДПМНЕ и точно знаат дека политиките на оваа партија не носат ништо добро за нашата земја и за нашите граѓани.СДСМ со конкретни политики и решенија го подобри стандардот на граѓаните, за 100 проценти ја покачи минималната плата, а работи и на покачување на платите во сите сектори, констатира пратеничката Лазаревска од СДСМ.
ЗА БЛОКИРАНИТЕ ЗАКОНИ ОД ВМРО ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.