Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Лудва: Иницијативата Отворен Балкан води кон унапредување на односите помеѓу државите во регионот

0
By Biljana on February 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 17:27

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во нашата држава.

На состанокот било пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година.

Оценето е дека Северна Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ.

Премиерот Ковачевски порачал дека Чешката Република е вреден партнер на Северна Македонија и значаен поддржувач на европските перспективи, како стратешка цел на земјава, по членството во НАТО.

„Се определивме да работиме низ отворена и чесна комуникација во дијалогот со Република Бугарија. Новата енергија во разговорите е препознаена и во државите и во ЕУ. Продолжуваме да работиме исклучиво по принципот на почитување на другиот, на сочувување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на европските вредности“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата било оценето дека иницијативата Отворен Балкан, како еден од чекорите кон ЕУ, води кон унапредување на односите помеѓу државите во регионот, при што е споделено искуството на Вишеградската група, односно бенефитите од воспоставувањето добра регионална соработка.

На состанокот заеднички било констатирано дека постојат можности за унапредување на добрата соработка меѓу Северна Македонија и Чешката Република во повеќе области, како што се економијата и одбраната, а премиерот Ковачевски изразил благодарност за поддршката од Чешката Република во рамки на европската гранична служба Фронтекс.

Димитар Ковачевски за Отворен Балкан Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.