Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица

0
By Biljana on February 15, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 18:11

Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица, рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ.

Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со гас на Северна Македонија. Друг важен фактор е зајакнувањето на безбедноста на снабдувањето со гас во Северна Македонија, бидејќи мора да се има предвид дека во Скопје производството на топлинската енергија доаѓа од снабдувањето со гас. Северна Македонија е заинтересирана самостојно да се приклучи на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Тој коментира дека Скопје е во постојан контакт со инвеститорите, но и со учесниците на терминалот, што значи дека е во контакт и со Бугарија, која е и еден од инвеститорите во него, јави дописникот на МИА од Софија.

Според македонскиот министер за економија, ова може да го зголеми количеството на гас во регионот на Западен Балкан и со тоа да ги намали цените на бензинот, а со тоа да доведе до поголеми можности и за Александрополис и за постоечкиот гасовод со Бугарија, како и за ТАНАП.

Како што вели Бектеши, годинава Северна Македонија ќе започне со изградба на интерконектор со Грција, кој ќе биде вклучен во мрежата на локалниот оператор ДЕСПА. Така, Северна Македонија е повеќе од заинтересирана за секоја можност што ќе ја зголеми можноста за зголемување на количествата гас, како и безбедноста на нивното снабдување, што ќе влијае на цените на производството, а во иднина и на приватните потрошувачи.

„Со воспоставување подобри контакти меѓу туристичките компании од Северна Македонија и Бугарија може да се постигнат подобри резултати. По периодот на Ковид-19, се враќаме на посериозни економски активности, како што е формирањето на нови авиолинии, како и инвестициите во инфраструктурата, како што е експресниот пат до границата со Бугарија. Работиме и на реализација на железничката пруга и убеден сум дека со овие акции ќе се зголеми бројот на туристи од двете страни на границата“, вели Бектеши.

При крај сме, посочи, со потпишувањето на најавениот меморандум за соработка во туризмот и очекуваме да биде потпишан во април. Една од точките на овој документ е двете земји да учествуваат на саеми за туризам и настапи во трети земји, за да можат странските туристи да ги посетат и Северна Македонија и Бугарија.

„Авиолинијата Софија-Скопје може да се прошири“, најавува Бектеши, кој во тек на неодамншените разговори со тур-операторите рече дека треба да се искористи секоја можност за поврзување и на Варна и на Охрид и Тирана, бидејќи, како што наведе, можеме да создадеме заеднички туристички производи, кои исто така би биле важни за соработката во Коридорот 8, кој води кон развој на сите земји по неговата траса.

Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.