НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Имаме најголема подготвеност по кластери од земјите во регионот

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес на 31-вата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, пред пратениците и дипломатскиот кор во земјава, посочи дека оценката за вкупната подготвеност на земјава за 2021 година е 3.11, односно „добро ниво на подготвеност“.

– Подготвеноста по кластери, недвосмислено покажува дека Северна Македонија има најголема подготвеност во регионот, со средна оценка од 3,02, во областите и поглавјата од Кластерот 1- Темели, дури и во однос на земјите кои веќе преговараат за членство, Србија со средна оценка 2,68 и Црна Гора со средна оценка 2,83, рече вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот на Комисијата дава објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да се зголемат напорите и да се испорачаат повеќе резултати. Согласно анализата на Секретаријатот за европски прашања која се прави врз основа на стандардизирана Методологија и според неа земјата има исто така солидно ниво на подготвеност во Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст и е на исто рамниште со Црна Гора. Истата констатација за нивото на подготвеност важи и за Кластерот 4 – Зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, која веќе го отвори овој Кластер.

– Според резултатите кои ги имаме очекувана беше и констатацијата на Комисијата во октомври минатата година кога се објави Извештајот дека „Земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, а властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, додаде Маричиќ.

На крајот вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека се потполно свесни дека покрај остварените резултати земјата ја чека уште многу работа. Затоа и смета дека процесот на европска интеграција е прашање околу кое треба да имаме обединет пристап за да може поефикасно да се спроведуваат реформите.

– Темпото на реформите најмногу зависи од нашата посветеност, искрен пристап и широкиот консензус во општеството, но и во ова Собрание, кој е неопходен за да напредуваме со посакуваното темпо. Секако дека формалниот почеток на пристапните преговори ќе го обезбеди неопходниот поттик за спроведување на подлабински реформи со забрзана динамика, не само во усогласувањето со правото на ЕУ, туку и во суштинска имплементација на донесените закони, заклучи вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

Бојан Маричиќ Кластери регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.