Поранешниот специјален претставник на Владата за надминување на спорот со Бугарија, Владо Бучковски, вечерва во во емисијата „Само интервју“ изјави дека Македонија била блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.
– Тоа беше пред Новата 2021 година. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски.
Тој потсети дека повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака, доколку е потребно.
– Со неколку невладини организации, јас по потпишувањето на Договорот за добрососедство сакав да ги доближам двете општества, знаејќи дека ќе дојде до проблеми. Беше само прашање на време кога ќе дојдеше до проблеми во имплементирање на Договорот, рече Бучковски, гостувајќи во „Само интервју“ на Канал 5.