НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За новиот пристап на Софија кон Скопје се 31% од Бугарите, поддршката за тврдата позиција од некогашните 80% намалена на 49 %

0
By Mirjana on February 18, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 31 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат најавениот нов, пофлексибилен пристап во преговорите со Северна Македонија, а за придржување до досегашниот поцврст став се изјасниле 49 отсто од испитаниците кај нашиот источен сосед, додека 20 проценти немаат став.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Агенцијата Алфа рисрч, објавено денеска, а спроведено во периодот од 6 до 14 февруари на примерок од 1060 испитаници.

Во претходните анкети околу односот спрема Северна Македонија за време на Владата на Бојко Борисов и министерката Екатерина Захариева поддршката за тврдиот пристап изнесуваше и до 80 отсто.

Според Агенцијата, по ова прашање, тенките црвени линии не минуваат само меѓу коалициските партнери, туку и кај нивните поддржувачи. Со исклучок на Демократска Бугарија, поддржувачите на сите партии во владејачката коалиција, вклучително и оние на Промената продолжува, на премиерот Кирил Петков, му даваат предност на досегашниот пристап. Тоа не значи дека новиот пристап е осуден на неуспех, но ја потврдува старата максима – не е доволно да се каже, важно е да се убеди, наведуваат од Агенцијата. И очигледно, токму во убедувањето на теми кои не се директно поврзани со противењето на претходните владетели, новата влада трпи значителни дефицити.

Инаку, во анализата на Агенцијата се наведува дека според речиси сите главни показатели кои Алфа Рисрч ги следи повеќе од 20 години, мислењата на луѓето се многу поларизирани. И покрај промената на седум редовни влади во овој период, беше многу ретко да се види толку брзо и различно темпо во еволуцијата на ставовите на јавноста во раните месеци на една влада, како што е забележано во тековната студија на агенцијата.

Во односот рејтинзите на политичките лидери во моментов, претседателот Румен Радев го започнува својот втор мандат со доверба од 51% и недоверба од 23%. Тoj ја задржува својата позиција како прворангирана институција, добивајќи поддршка од три главни групи поддржувачи: Промената продолжува (78%), БСП (91%) и ИТН (67%). Така, нивото на одобрување за шефот на државата кај електоратот на владејачките партии далеку ја надминува поддршката за владата. Единствен исклучок се поддржувачите на Демократска Бугарија, меѓу кои довербата и во владата и во претседателот е иста (36% – 38%). За претседателот оваа ситуација е неспорно профитабилна, но за владата е меч со две острици бидејќи не и гарантира доволно стабилна поддршка во ситуација на конфликтен избори, оценува Алфа рисрч.

Спроред анализите, иако несогласувањата (на темата С Македонија, промените во Булгаргаз, начините за борба против корупцијата итн.) се прилично ретко изразени јавно, тезите на претседателот Румен Радев одекнуваат трипати посилно (34% од испитаниците ги делат) од оние на премиерот Кирил Петков (само 12% се на негова страна во случај на несогласување со Радев).

Во однос на рејтинзите на партиите, пак, Промената продолжува е на прво место според поддршката – 24,4 отсто, додека наклоноста за ГЕРБ на Борисов е намалена за 4 поени и сега за нив би гласале 18,1 отсто. БСП е со поддршка од 9,8 отсто. Продолжува да опаѓа поддршката за Има таков народ, која сега изнесува 6,6 отсто. Поддршката за Демократска Бугарија останува непроменета во однос на последните избори – 6,4 проценти. Партијата на Турците, ДПС, има традиционална поддршка – 7,2 отсто, а националистите од Преродба имаат поддршка од 5,2 отсто.

АНКЕТА АЛФА РИСРЧ Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.