НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скринингот ќе покаже дали се потребни нови мерки, велат од Министерството за здравство

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Беким Сали и заменик министерот Владимир Рендевски ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола.

„Се намалува пикот на четвртиот бран, а епидемиолошката состојба благо се подобрува“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Според министерот, серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, а од тоа ќе зависи и носењето нови препораки и мерки.

„Епидемиолошката состојба во цела држава благо се намалува, односно се намалува пикот од четвртиот бран. Нивото на вакцинација и целосна имунизација кај нас е пониска од државите членки на ЕУ. Ние посакуваме позитивни резултати од оваа анализа за да потоа ги намалиме мерките односно да бидеме послободни за функционирање. Ако добиеме позитивни резултати според кои ќе има над 70 отсто од вкупната имунизација во државата, тогаш ќе почнеме со олабавување и олеснување на мерките“, истакна министерот.

Според планот на Министерството за здравство, предвидено е да се направат околу 3.000 анализи, од кои 1.000 во Скопје каде е во тек собирањето на материјалот, а останатиот серолошки скирининг ќе се реализира во други градови.

„Задоволни сме од одзивот на граѓаните, има претставници од сите возрасни групи и тоа ќе овозможи да добиеме јасна слика за општата состојба на населението. Од резултатите што ќе ги добиеме со серолошката анализа ќе пристапиме кон нови препораки и мерки за функционирање на институциите. Позитивно сме изненадени и од реакцијата на родителите кои само во текот на вчерашниот ден дадоа над 4.000 одобренија за да се направат скрининг анализи кај нивните деца од школска возраст. Тоа го направивме зашто во Комисијата за заразни болести забележавме благо покачување на ново инфицирани лица на возраст од 6 до 14 години и затоа пристапуваме превентивно. Во овој момент резултатите се позитивни и од направени 200 анализи завршени во текот на вчерашниот ден, регистриравме само еден позитивен резултат. Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на тие анализи кај учениците“, нагласи Сали.

Од Министерството за здравство информираа дека се надминати нејаснотиите околу формулацијата на надоместокот за работа во недела за здравствените работници, корекцијата е направена и надоместокот непречено ќе се плаќа за работа во недела.

антиковид мерки Беким Сали скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.