Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силна поддршка за Северна Македонија од НАТО-сојузниците

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 19, 2022 16:08

Ковачевски на средби со високи функционери од ЕУ и САД.

Пријателството меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и сојузништвото во НАТО се силни влогови за безбедноста и стабилноста, напиша премиерот Димитар Ковачевски по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Обединетото Кралство, како што посочува премиерот Ковачевски, е наш стратешки партнер, и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка.

„Премиерот Џонсон ни честиташе за сите наши заложби за спроведување конструктивен дијалог кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за евроатланска интеграција“, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски се сретна и со претставничката на Мичиген во конгресот на САД, Елиса Слоткин, која минатата година се приклучи на конгресната група за пријателство со Северна Македонија.

„На нашата средба на Минхенската безбедносна конференција изразив благодарност за нејзината исклучителна активност и заложба за нашето членство во НАТО. Конгресменката Слоткин останува да биде една од водечките гласови за национална безбедност во САД со богато искуство за Европа, нашиот регион и пошироко“, напиша Ковачевски.

Во рамки на Минхенската конференција, со државната министерка за европски прашања и меѓународни односи на Баварија, Мелани Хумл било разговарано за одличната соработка која Северна Македонија ја има Баварија заедничката, меѓувладина комисија.

„Се согласивме дека во фокусот на нашето внимание треба да биде зајакнување на економската соработка со поврзување на стопанските комори и за соработка во други области. Баварија е подготвена да помогне во реформите на правосудството и борбата против корупцијата, како и да ни понуди неопходна помош на нашиот пат кон ЕУ“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Димитар Ковачевски ЕУ и НАТО Минхенската безбедносна конференција САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.