Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закоњшек: Да се подобри брзината и достапноста на возови

0
By Biljana on February 20, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 20, 2022 10:10

Во Северна Македонија треба да се подобри брзината и достапноста на возови.

„Железничката линија Белград-Скопје сега е во лоша состојба бидејќи не се одржува и нема инвестиции во последниве 30 години. Железницата во Северна Македонија треба да се реконструира и да се користи почесто од страна на патниците и за превоз на товар“, вели во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ.

Тој истакнува дека се во тек и во план активности за реновирање на клучните делници на паневропските Коридор 8 и Коридор 10, железнички рути што ја прават Северна Македонија важен транспортен центар.

„Од една страна, Коридор 10 е вашата врата кон остатокот од ЕУ, а преку Коридор 8 се поврзувате со Црното Море и Јадранското Море. Делови од Коридор 10 веќе се реконструирани со поддршка од ЕУ, но не и делницата која поминува низ вашата земја. Железничката линија до Грција е реконструирана, брзината достигнува 100 километри на час, но нема сообраќај. Инвестициите во инфраструктурата за да се зголеми брзината на возовите е од големо значење, но тоа треба да се одвива заедно со редовно одржување на железничката мрежа за да се зајакне безбедноста на патниците. Затоа набавката на нови товарни и патнички вагони со заем од ЕБОР беше чекор за поздравување за да се намалат трошоците за одржување“, вели Закоњшек.

Според него, охрабрува фактот што има политичка волја да се забрзаат плановите за да се доврши железницата на Коридор 8, составена од 88 километри од пруги низ северноисточниот дел на државава.

„Штом биде завршена, ќе биде можно да се патува до Софија од Скопје со воз за 3,5 часа. Меморандумот за соработка, кој беше потпишан минатата година за изградба на одржлива инфраструктура од страна на Северна Македонија со Албанија и Бугарија е јасен знак за посветеност за завршување на Коридор 8 со поддршка од ЕУ до 2030. Делницата помеѓу Скопје и бугарската граница е идентификувана како еден од клучните проекти на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан на Европската комисија како дел од планот „Поврзување на Истокот со Западот“. Постојат можности за средства, постои политичка волја да има придвижување и се надевам реконструкција ќе започне пак на овие делници откако биле паузирани заради различни причини. Сигурен сум дека Македонците наскоро ќе ги видат придобивките на економски развој и намалени емисии, благодарение на подобрените железнички врски со Бугарија“, порачува Закоњшек.

Говорејќи за исполнувањето на реформите од страна на државава и прилагодувањето на домашното со законодавството на ЕУ, како и исполнувањето на стандардите на европската транспортна мрежа Закоњшек укажува дека клучен чекор е усвојување, а потоа и примена на нов закон за железници, подготвен од Министерството за транспорт и врски.

„Главната новина е дека јавната железничка инфраструктура може да се користи од приватни железници. Со отворањето на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги и се надеваме дека ќе се овозможат начини граѓаните да патуваат поевтино и на начин кој е поеколошки, а бизнисите ќе можат да фунционираат со поголеми економски поволности и намалени трошоци. Во пракса, ова би значело дека Скопје треба да е поврзано со модерна железница со соседните земји и вашите граѓани ќе можат да појдат на еднодневен шопинг во Солун или на кратка посета на Белград. Соработка меѓу регионалните партнери е важна за да се постигнат овие цели. Задоволен сум што постои политичко разбирање во целиот регион за важноста на железницата, која беше изразена на Самитот на железници во Белград минатата година каде министрите за транспорт ја подржаа Декларацијата за железници“, вели Закоњшек.

Железница за железничко поврзување Скопје-Софија ЈИЕ Матеј Закоњшек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.