Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Бесими во работна посета на Брисел

0
By Biljana on February 20, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 20, 2022 11:41

Бесими на работни средби во Брисел со претставници на ЕК. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до 22 февруари 2022 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средби со високи претставници на Европската Комисија.

„Разговорите на министерот со своите соговорници ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на РС Македонија, очекувањата од француското Претседателство за напредок во процесот на отворање на пристапните преговори, кои во моментов се блокирани од Бугарија и нашата посветеност да продолжи дијалогот за решавање на отворените прашања, како и приоритетите на Министерството за финансии, кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите што се предвидени во Програмата за економски реформи, за што е започнат процесот на консултации со ЕК, како и фискалната консолидација“, велат од Министерството за финансии.

Теми на средбите со високите претставници на министерот Бесими ќе бидат и енергетската криза и инфалцијата, кои се од глобални рамки, и за мерките што земјата ги презема за справување со влијанието од оваа криза.

За време на престојот во Брисел, министерот Бесими ќе се сретне со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, комесарот за економија Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски.

Брисел Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.