НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Потребно е да научиме да се слушаме едни со други, да се почитуваме дури и тогаш кога не се согласуваме

0
By Biljana on February 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Новиот патриотизам подразбира да се обединиме заедно сите и леви и десни, и христијани и муслимани и атеисти, во идејата за една заедничка иднина“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се движи со идејата една заедничка Македонија за сите луѓе, каде сите ќе се почитуваат со сите свои желби интереси и потреби.

„Во Гостивар се официјални три јазици: македонскиот, турскиот и албанскиот, што е одлична можност да испратиме порака за обединување. Во Македонија е доволно од поделби. Конечно треба граѓаните да се обединат и да застанат зад вистинските вредности: меѓусебна почит, разбирање и борба против криминалот и корупцијата. Да се бориме заедно за поквалитетно образование, да не бидеме рекордери по број на жртви од короната и се што е денес пораз да го претвориме во победа. Тоа што мајчиниот јазик претставува за нас Македонците, подеднакво нивниот мајчин јазик претставува и за другите заедници кои се застапени во нашата Македонија. И не може да бараме почит, доколку не понудиме почит. Тоа што сакаме да го почитуваат кај нас Македонците, мора да значи да го почитуваме и кај останатите заедници во Македонија. Затоа потребно е да научиме да се слушаме едни со други, да се почитуваме дури и тогаш кога не се согласуваме.“, истакна Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Мицкоски вели оти порано или подоцна предвремни парламентарни избори ќе има.

„Не очекувам дека оваа власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими, кожните фотелји и привилегите што ги ужива и дека ќе замине. Но, затоа сме ние опозиција и затоа ја добивме довербата од народот на локалните избори. Порано или подоцна ќе се случат и предвремените парламетарни избори, а потоа следува одговорност за сите погрешни политики во изминатите четири години, рече Мицкоски.

Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Гостивар организираше трибина „Мајчиниот јазик е идентитет“ каде покрај претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, присуствуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

(Б.Б.)

ВМРО ДПМНЕ Меѓународен ден на мајчиниот јазик Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.