Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Кацарска повторно предупредува на блокада на Уставниот суд: Зарем само пет судии да дискутираме за Преспанскиот договор?

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Добрила Кацарска предупреди на уставна криза
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 22, 2022 11:48

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“.

Кацарска вели дека во тој случај нема да можат да држат седници и уште еднаш потенцираше дека односот на пратениците е несериозен.

– Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како впрочем да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Така да во последно време си го поставувам и самата прашањето дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, вели Кацарска.

Согласно Деловникот, појаснува таа, имаат надлежност да работат и со пет судии.

Според неа доволно е да се присутни само пет судии за да се држи седница. Меѓутоа, потенцира, тежината на одлуките кои ги носат дури и оние кои се носат едногласно со пет гласови „за“, е сепак поинаква во споредба доколку за таа одлука би дискутирале сите девет судии.

– Не залудно Уставот предвидува девет судии да го сочинуваат Уставниот суд. Има многу битни предмети за граѓаните на оваа држава и несериозно би било за тие предмети да одлучуваме само пет судии. Ние можеме да одлучуваме за сите предмети, за среќа немаме предмет за кој ни е потребно двотретинско мнозинство, но, зарем само пет судии треба да дискутираме за указите за Преспанскито договор, за Законот за употреба на јазиците каде што е оспорена уставноста не само на указите, туку и на законите во целост. Несериозно би било ние пет судии да донесеме одлука која е толку битна за граѓаните и за иднината на оваа држава, нагласи Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд вели дека единствена надлежност што ја имаат е да се обратат писмено до претседателот на Собранието пред истекот на мандатот на некои од судиите. Потсети дека уште во април минатата година претседателот на Собранието Талат Џафери е информиран дека на тројца судии престанува мандатот. Потоа и во ноември, Кацарска испратила писмо до Џафери со кое го информирала дека на еден судија му престанува мандатот на 14 јануари, но испратила и писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие четири судии.

кацарска Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.