НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага против десетмина дилери за обид за шверц на дрога од Албанија во Турција, еден од Косово се обидел да избега

0
By НОВА ТВ Balaban on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претреси се извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, Карпош и Бит Пазар, каде се пронајдени предмети поврзани со кривични дела. Според првичните проценки, запленетата дрога е во вредност над 200.000 евра.

Во текот на ноќта по насоки на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, службеници од Министерството за внатрешни работи, спроведоа координирана полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје. Со акцијата во која десет лица се лишени од слобода, е сузбиена меѓународна криминална група чии членови покрај наши државјани, биле и албански и косовски државјани. Групата се занимавала со  недозволена трговија и продажба на наркотични дроги, организирајќи транспорт на марихуана од Албанија преку Косово во нашата држава, со цел понатаму да се пренесе во Турција, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Имено, во ноќните часови, на локалниот пат кон с.Сопиште возила од страна на полициските службеници се запрени две патнички моторни возила. При извршениот преглед во багажникот на едно од возилата е пронајдена вреќа со спакувани 27 пакувања марихуана, додека другото возило имало задача да известува за присуство на полициски патроли, односно имало улога на „чистач“. Двете лица се лишени од слобода, а наркотичната дрога е одземена.

Во исто време, на крстосница кај Трговскиот центар на подрачјето на Бит Пазар, од страна на полициски службеници се лишени од слобода три лица кои се превезувале со патничко моторно возило, меѓу кои еден албански државјанин, а едно лице е лишено од слобода во населбата Ѓорче Петров. Воедно, на излез на Граничен премин – Долно Блаце, од страна на граничната полиција од слобода е лишен косовски државјанин при обид да побегне од државата.

При извршен претрес на две локации во с.Патишка Река се пронајдени 26 пакувања марихуана, а од слобода се лишени две лица за кои биле распишани Централни потерници, по судски наредби, за правосилна осуда на 2 години казна затвор и дополнителна мерка притвор за едното лице и судска наредба со определена мерка притвор за второто лице.

Претреси се извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, Карпош и Бит Пазар, каде се пронајдени предмети поврзани со кривични дела. Според првичните проценки, запленетата дрога е во вредност над 200.000 евра.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе донесе Наредба за спроведување на истрага против десетте лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничените во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на судот ќе му предложи на осомничените да им биде изречена мерка притвор.​

дилери истрага Јавен обвинител Обид шверц на дрога
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.