Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина од полноќ во вонредна состојба на 30 дена: Што тоа точно значи?

0
By Sashko on February 24, 2022 СВЕТ
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 24, 2022 00:05

Украинскиот парламент изгласа воведување на вонредна состојба што од полноќ ќе важи на целата територија на земјата, освен во сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во кои на сила е посебен правен режим од 2018 година.

Вонредната состојба е воведена за период од 30 дена, а доколку биде потребно ќе биде продолжена за уште 30.

Прв чекор, како што вчера навести украинскиот претседател Володомир Зеленски во обраќањето до нацијата, е повикот на Украина до резервистите.

Со работа ќе почнат и регионални комисии со претставници на државната и на локалните власти кои, во зависност од натамошниот развој на ситуацијата, ќе одлучуваат за неопходни мерки за безбедност.

Властите денеска во повеќе наврати нагласија дека воведување на вонредна состојба во никој случај нема да влијае врз животот на граѓаните. Во текот на денот се огласи и украинскиот премиер Денис Шмигаљ кој на социјалната мрежа Телеграм напиша дека вонредната состојба, пред сè, треба да овозможи подобро контролирање на ситуацијата од војската и од полицијата.

Вонредната состојба ќе нѝ овозможи да бидеме подготвени за брз одговор на предизвиците и да се подготвиме за сите можни сценарија, напиша Шмигаљ на Телеграм.

Службите за безбедност на Украина, во меѓувреме, соопштија дека ситуацијата во која се наоѓа нивната држава бара единство, смиреност и одлучност.

Воведувањето на вонредна состојба не значи дека животот на граѓаните ќе стане потежок. Впрочем, секој регион е во различна безбедносна ситуација, соопштија од таму.

Што предвидува Уредбата за воведување на вонредна состојба во Украина?

  • Ограничување на движењето и контрола на возилата
  • Засилена заштита на објекти од витално значење
  • Забрана за одржување на собири, митинзи, демонстрации, спортски и други јавни настани
  • Воведување на полициски час
  • Проверка на документи на граѓаните, во исклучителни ситуации и претрес на лица, на возила, товар и простории
  • Ограничување на продажбата на оружје и алкохолни пијалоци
  • Одземање на регистрирано огнено оружје и муниција
  • Регулација на цивилната телевизиска и радио програма

Дали ќе биде воведен полициски час?

Полициски час во Украина ќе биде воведен само по потребни во одредени региони, односно во случај на засилена руска агресија.

„Во зависност од ситуацијата, штабот на одредена територија може да донесе одлуки. Уште еднаш нагласуваме, само ако биде неопходно. Наша обврска е обезбедиме сигурност на граѓаните“, се вели во соопштението на властите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.