НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ го кани Ковачевски во Белград: Македонскиот премиер и српскиот министер ја потврдија добрососедската соработка

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Kovacevski i Selakovic
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија.

На состанокот се потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и двата народа и е констатирано интензивирање на соработката, посебно на економски план во последниве две години.

На состанокот е пренесена покана од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, до премиерот Димитар Ковачевски, за посета на Белград.

Изразена е определба од двете страни за напредување и на Северна Македонија и на Србија во процесот на евроинтеграциите.

Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата на Република Северна Македонија се фокусирани на економскиот развој на државава, на успешно надминување на актуелните предизвици, како што е енергетската ситуација и истовремено се работи на исчекорот во делот на евроинтеграциите.

„Веруваме во целите и работиме да се остварат, преку принципиелни и достоинствени политики и работа на потребните реформи на домашен план, како што се реформите во правосудството, коишто се во значаен дел усогласени со европското законодавство“, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е заеднички оценето дека иницијативата „Отворен Балкан“ е придонес во регионалната соработка на државите, преку имплементацијата на европски вредности во регионот, а придонесува кон продлабочување на соработката, со отворање можности за поголема регионална конкурентност на европскиот пазар и на други светски пазари и во делот на привлекувањето странски инвеститори.

Значењето на добрососедските односи е посебно нагласено и како важно во сочувување на стабилноста и мирот во регионот и во Европа.

На средбата е разговарано и за актуелната ситуација во Украина, при што е пренесен ставот на Република Северна Македонија, како членка на НАТО, за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Премиерот Ковачевски, се заблагодари за пријателската соработка и помош од Република Србија за време на пандемијата и оцени дека споделената посветеност кон унапредувањето на односите меѓу двете држави е важна за граѓаните на двете земји

Димитар Ковачевски никола селаковиќ средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.