НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Ниедна земја членка не ја попречи одлуката за вооружена помош за Украина

0
By Ivana on February 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ги соопшти деталите од одлуката за испраќање оружје во Украина за помош против руската агресија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва се согласија за прв пат во историјата да се даде можност преку Европскиот фонд за мир да се финансира и испраќа смртоносно оружје во трета земја.

Предлогот го поднесе Борел утрово и бил усвоен вечерва, не со целосна согласност, но без попречување од ниту една земја членка. Иако нема детали за гласањето, се претпоставува дека воено неутралните земји се тие кои не опструирале, бидејќи им се остава можност да испраќаат несмртоносна воена опрема во Украина преку истиот фонд.

Полска ќе биде логистичкиот центар преку кој ќе се испраќа опремата во соседна Украина. Утре министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат состанок на кој ќе се финализираат финансиските детали за оваа операција.

Министрите исто така се согласија за забрана на руските авиони.

-Ниеден руски авион нема да може да слета или да полета од европскиот воздушен простор, изјави Борел вечерва по неформалниот министерски состанок.

Согласност е постигната и за забраната за емитување на руските државни медиуми РТ и Спутник. На прашање како ќе го изведе тоа ЕУ технички, Борел не прецизираше, но увери дека Унијата располага со методи да го стори тоа. Нејасно е дали оваа забрана ќе се применува и на интернет.

Од санкции одобрено е и исклучувањето на низа руски банки од меѓународниот финансиски систем СВИФТ, што значи дека овие банки нема повеќе да можат да вршат трансакции со голем дел од светот. Санкции ќе има и за Руската централна банка, најави Борел. Овие одлуки мораше да бидат донесени денеска и утре рано наутро да се формализираат пред да отворат берзите, порача ЕУ.

Конечно, Европската Унија ќе продолжи да и помага на Украина со интензивни дипломатски напори за исклучување на Русија од меѓународната сцена.

-Русија ќе биде изолирана од меѓународната заедница, рече шефот на ЕУ дипломатијата.

Тука спаѓа суспендирањето на правото на глас на Русија во Советот на Европа донесено викендов, додека се водат преговори за исклучување или суспензија во организации како Европската банка за развој и реконструкција, и Советот за човекови права меѓу другото. Што е најзначајно, Русија беше изолирана и за резолуцијата за осуда на инвазијата во Советот за безбедност на ОН, каде Кина се воздржа. Следниот чекор е в среда на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.