Разговорите меѓу руската и украинската делегација ќе почнат утре наутро, изјавил извор за ТАСС.
– Тоа не е одложување. Средбата ќе почне наутро. Причината е логистиката на украинската делегација, рече изворот.
Помошникот на рускиот претседател Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација на разговорите, претходно изјави дека во неделата е постигнат договор со украинската страна за разговори во белорускиот регион Гомел. Руската делегација веќе го напуштила Минск и се упатила кон местото на разговорите, кое, според изворот на ТАСС, нема да биде откриено.