Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјална вонредна седница на Генералното собрание на ОН: Потребен е итен прекин на огнот

0
By Ivana on February 28, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 28, 2022 17:25

Генералното собрание на Обединети нации со едноминутно молчење за Украина ја отвори специјална вонредна седница на која ќе се дебатира за тоа дали да се осуди руската инвазија врз нејзиниот сосед.

Претседателот на ГС Абдула Шахид пред 193-те членки на ОН повика на „итен прекин на огнот“.

Тој упати апел до вмешаните страните да ја искористат „ретката“ можност за дијалог за „смислено и брзо да се деескалира“ ситуацијата.

Франција денеска ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите.

Во соопштението од Елисејска палата се додава дека Париз „ќе побара и прекин на огнот, што мора да претходи на какви било мировни преговори“.

Франција е една од петте постојани членки на СБ на ОН, заедно со САД, Велика Британија, Кина и Русија, додека 10 други земји се ротирачки непостојани членки.

Воедно, првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ги предупреди граѓаните дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените, но дека мора тоа да се прифати во име на Украина.

Европската Унија очекува противмерки од Русија наскоро, иако за сега не се знае какви, во кој облик и со кој интензитет. Она што може да се очекува со извесност е зголемување на цените на енергијата, а со тоа и општо на цените на сите производи.

Европската Унија е решена да ја намали зависноста од рускиот гас и тоа ќе има последици врз пазарот.

-Ќе има турбуленции на пазарот на енергијата, тоа се случува, ќе се зголемат цените и тие цени ќе ги платат потрошувачите, можеме да воведеме политики за заштита на најранливите но се наоѓаме во таа ситуација, нашите акции и реакции ќе имаат последици и треба да сме подготвени за тоа, изјави Борел.

Од друга страна пак, Велика Британија најави дека „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки.

Тоа днееска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.

– Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од кооридинација со нашите сојузници“, нагалси Трас во Парламентот.

Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.