САД прогласија 12 руски дипломати во мисијата на Русија при ОН за персони нон грата. За ова соопшти амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја. Дипломатите треба да ги напуштат САД до 7 март.
Пред само десетина дена Русија пак го протера Барт Горман, американскиот функционер број 2 во Москва, а Вашингтон предупреди дека ќе одговори на „неиспровоцираниот“ потег во услови на зголемени стравувања од руска инвазија на Украина.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Горман бил принуден да ја напушти Москва како одговор на, како што го нарече, „неразумното протерување“ на висок руски функционер од страна на Вашингтон, обвинувајќи ги Соединетите Држави за покренување на „визна војна“.