НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Нема да има одлука за испраќање наши војници во Украина

0
By Biljana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ.

„Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во однос воената помош за Укрина, министерката Петровска појасни дека се работи за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти.

„Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Укрина“, изјави Петровска.

Според министерката, воената помош е согласно капацитетите со кои ние располагаме и е во согласност со барањата од украинската страна. Министерката нагласи дека јавноста треба да знае дека со оваа донација не се намалува капацитетот и вооружувањата на нашата Армија.

„Листата што беше испратена е практично испратена до сите сојузници и е многу голема, содржи многу ставки од различен профил. Она на што ние можевме да излеземе во пресрет, излеговме апсолутно“, појасни министерката за одбрана.

На прашањето дали се подготвуваме доколку е потребно за прием на бегалци од Украина, Петровска информира дека министерствата добиле задолженија да ги разгледаат капацитетеите што се во нивна сопственост и на нивно располагање, колку се тие се функционални и дали би можело да се стават на располагање.

Таа најави дека во скоро време и Владата ќе излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на раполагање за евентуално сместување на бегалци.

„Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности“, рече Петровска.

Според неа, би се користеле капацитети кои беа користени, а се во сопственост на МО, и во претходните бегалски кризи, но и КОВИД кризата. Тие сега се во фаза на проверка, каква им е состојбата и дали можат да бидат ставеи во функција.

Во однос на забрана за емитување на некои руски медиуми, министерката Петровска повтори дека ние сме дел од општата одлука донесена во рамки на тоа да се спроведат целосни санкции кон Руската Федерација, затоа што и сојузниците и другите земји кои не се членки на Алијансата оценија дека станува збор за воена агресија, која во овие услови е недозволива и оти има енормно кршење и на човековите и на меѓународното право. Од тие причини, истакна Петровска, се и санкциите кои ги воведуваме.

Армијата Министерство за одбрана Славјанка Петровска Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.