НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“

0
By Biljana on March 1, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмски фестивал во Севиља, Шпанија.

Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“.

Како што соопштија од „Дрим Фектори“, оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост.

Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела. За првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна.

Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (продуцент: Никол Акер-ман). Филмот „Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република С.Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија.

– „Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилчично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори, се наведува во соопштението на „Дрим Фектори“.

Стела филм Стела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.