НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на средба со менаџментот на „Бехтел“ за изградба на повеќе делници во земјава

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како дел од агендата на работната посета на Лондон, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се сретна со дел од бордот на директори на меѓународниот конзорциум „Бехтел“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата Шон Кени.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, се разговараше за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, за делница Тетово – Гостивар – Букојчани и за проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и за Коридорот 10 Д, односно за делница на автопатот Прилеп – Битола.

За реализација на овој Меморандум во Собранието беше донесен Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот, по што следи утврдување на текстот на договорот кој треба да биде одобрен од двете страни за да се затвори правната постапка којашто ќе овозможи реализација на предвидените инфраструктурни проекти.

На средбата со менаџментот на „Бехтел“ беше констатирано дека во рамките на роковите се одвива постапката за избор на надзор и консултант што ја спроведува ЈП за државни патишта, којашто се очекува да се заврши до почетокот на април оваа година, и дека во буџетот за 2022 година веќе се испланирани средства за изградба на предвидените автопатни решенија.

На средбата беше истакнат фактот за највисоките референци на компанијата во остварувањето на инфраструктурните проекти во светот и особено во регионот, како и фактот дека дури 80% од работите компанијата ги изведува со локални компании.

„Бехтел“ Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.