НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис-Ципрас: Грција со поддршка за Украина, Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата

0
By Ivana on March 1, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и истото го правиме и сега, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот и истакна дека „отворената руска инвазија на независниот нејзин сосед повторно ги буди старите кошмари на војни на континентот“, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на специјалната расправа за ситуацијата во Украина, свикана по барање на Мицотакис, нападот на Русија врз Украина го осудија поголемиот дел од опозициските партии, меѓу кои и СИРИЗА и Движење на промена.

Грчкиот премиер истакна дека е јасно дека „влегуваме во друга историска ера, соочени со опасности за кои сега мислевме дека сме ги истерале“, додека пак лидерот на СИРИЗА истакна дека руската инвазија на Украина „ја враќа Европа, но и целото човештво, во темни и опасни времиња“, но и двајцата истакнаа дека единствена опција е да се поддржи Украина и украинскиот народ, како и санкциите воведени за Русија.

Мицотакис рече дека Грција е на страната на Украина, „на страна на мирот, легитимитетот и демократијата“, истакнувајќи дека „ја зајакнува Украина дипломатски, хуманитарно, но и воено“.

– Ако денес не покажеме практична солидарност κοн земјата која е под вооружен напад од еден непријател на демократијата и слободите, со каква морална положба утре (се надеваме нема да треба такво нешто) ќе побараме доколку ни е потребна солидарност од западниот свет?, рече Мицотакис и повтори дека земјата е подготвена да прими бегалци од Украина.

Ципрас, пак, рече дека одговорната позиција на Грција треба да биде активна поддршка за украинскиот народ, „поддржувајќи ги силните санкции насочени против Русија, со цел да стави крај на инвазијата и да се врати на патот на дипломатијата“, но и истакна дека сака да ја изрази неговата загриженост за фактот дека Грција „без никаква препорака или состанок на владиниот совет за национална безбедност, без консултации или барем информирање на политичките сили“, реши еднострано да испрати оружје во Украина.

– И се прашувам: Која е целта Грција, од континуираното инволвирање во мировни иницијативи, денес да стане инволвирана во војната? Во вакви часови на национална одговорност не е дозволена несериозност, дури и ако вашите мотиви се најблагородни. И не е дозволено сам да одлучувате. Во Грција не постои принципот на авторитет од еден човек. Во други земји постои и видовме до каде доведе тоа, рече Ципрас.

Мицотакис му одговори дека за поддршката на одбраната на Украина постои европска одлука, „која во суштина ги обврзува сите земји – членки, со исклучок на оние кои се неутрални“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.