НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот спорт ги чувствува последиците од инвазијата врз Украина

0
By Ivana on March 1, 2022 СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната лизгачка организација (ISU) стави забрана за учество на меѓународните натпревари во уметничко лизгање за руските и белоруските натпреварувачи.

Во соопштението на организацијата се вели дека одлуката на Меѓународната лизгачка унија значи дека овие спортисти нема да се натпреваруваат на светското првенство од 21 до 27 март.

– Советот на ISU ја повторува својата солидарност со сите погодени од конфликтот во Украина и нашите мисли се со целиот украински народ и земја, се вели во официјалното соопштение на Меѓународната лизгачка организација (ISU).

Рускиот спорт продолжува да ги чувствува последиците од глобалното противење на руската инвазија врз Украина, поради тоа што се зголемува бројот на забранети руски спортски тимови.

Меѓународната одбојкарска федерација денеска соопшти дека на Русија ѝ е одземена организацијата на Светските првенства во одбојка во машка и женска конкуренција кои требаше да се одржат во август и септември.

Меѓународниот олимписки комитет на 28 февруари им препорача на меѓународните спортски федерации и организатори на настани да се воздржат од канење или дозволување „учество на руски и белоруски спортисти и претставници на меѓународните натпреварувања“.

Меѓународниот олимписки комитет исто така му го одзеде Олимпискиот орден на претседателот Путин, кој му го додели во 2001 година.

Претседателот на Рускиот олимписки комитет Станислав Поздњаков одговори дека категорично се противат на тие одлуки.

Светската фудбалска федерација ФИФА и Европската фудбалска федерација ја исфрлија Русија од Светското првенство и од сите меѓународни фудбалски натпреварувања на неопределено време.

Меѓународната хокеарска федерација објави слична забрана за Русија и Белорусија, а на Русија ѝ ја одзеде организацијата на Светското јуниорско првенство во хокеј во 2023 година.

Минатата недела Формула 1 ја откажа трката за Големата награда на Русија која требаше да се одржи на 25 септември во Сочи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.