Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транзицијата на Кичево – праведна или неправедна? Од нас зависи

0
By Mirjana on March 2, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2022 10:24

Автор: Невена Смилевска, Еко-свест

Стратегијата за енергетика која го мапира развојот на македонскиот енергетски сектор до 2040 година во сите свои сценарија предвидува итно затворање на ТЕЦ Осломеј. Зошто тоа е најдобар избор е кажано во многу публикации од енергетски, економски и здравствен карактер, но причините за затворање не се предмет на овој напис. Овде зборуваме што ќе се случи со Кичевскиот Регион откако ТЕЦ Осломеј ќе се затвори.

Зошто зборуваме за развој без јаглен?

Затворањето на еден голем економски оператор е проблематично за секој регион во кој тој се наоѓал. Таквото затворање предизвикува промени во економијата, но и во социјалниот и културниот живот на граѓаните кои се наоѓаат во регионот. Сите граѓани на Македонија се сеќаваат на процесите на транзиција кои следеа по затворањето на големите фабрики. Оваа транзиција беше неправедна за најголем број граѓани кои беа засегнати од неа и беше причина за многу страдања на многу семејства, страдања кои за некои сè уште не се завршени.

Имаме ли избор?

За среќа, за Кичевскиот (и Битолскиот) регион имаме избор. Изборот е помеѓу овие две можности:

1) едноставно, само да се чека неминовното затворање да се случи (што повеќе или помалку е она што сега се прави), или

2) да се искористи периодот до затворањето, за регионот да се подготви за овозможување на праведност на таа транзиција за сите засегнати.

Несомнено е дека промената, независно од тоа која можност ќе се примени, ќе биде голема и ќе бара прилагодување од сите засегнати страни. Меѓутоа, доколку се пристапи проактивно и се бара решение, постојат меѓународни искуства и фондови кои би можеле да се искористат за спроведување на дел од плановите коишто би го мапирале развојот на Кичевскиот Регион по затворањето на ТЕЦ Осломеј.

Како понатаму?

За Кичевскиот Регион веќе се направени неколку студии за можности за развој кои не зависат од јаглен. Дури и само со овие студии како ресурси, веќе е возможно да се започне со процес на широки консултации со населението, со бизнис заедницата во регионот, со земјоделските работници, со занаетчиите и со сите други засегнати страни. Затоа што Кичевчани најдобро знаат што им треба. Тие најдобро знаат кои се можностите за развој на нивниот регион. И тоа нивно знаење може, треба и мора да се искористи за планирање на развојот и заживување на регионот откако ТЕЦ Осломеј ќе се затвори.

Меѓутоа, за Кичево да продолжи да живее и да се развива по тоа затворање, треба уште сега да се започне со планирање. Затоа што процесите на планирање, а потоа и на аплицирање за добивање на средства од  фондови одземаат време. Време кое кичевчани го немаат.

Затоа, на Кичево му е потребно процесот на планирање на праведната транзиција да започне веднаш – за Кичево да продолжи да се развива и без јаглен.

Еко-Свест ПРАВЕДНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.