НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мариупол гранатиран со часови: Повеќе стотици луѓе се убиени

0
By Ivana on March 2, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локалните власти во југо-источниот град Мариупол, во близина на границата со Русија, стравуваат дека голем број луѓе загинале во повеќечасовното континуирано гранатирање на градот.

Од таму велат дека бројни цивили загинале како резултат на 14-часовното интензивно гранатирање на градот, кој со денови е под опсада на руските сили. Овој град на брегот на Азовското Море е стратешки важен за Русија, зашто овозможува копнено поврзување на анектираниот полуостров Крим со сепаратистичките трупи во источна Украина.

Заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов изјави дека една од населбите во градот, кој им е дом на околу 130 000 жители на овој град, меѓу кои неговиот татко, е речиси целосно уништена.

„Не можеме да го потврдиме бројот на жртви таму, но веруваме дека повеќе стотици луѓе се убиени. Не можеме да одиме таму, за да ги земеме телата“ – изјавил Орлов за ББЦ. Според него, руската армија го користи сиот свој арсенал, артилеријата, повеќецевните ракетни системи, борбените авиони и проектилите.

Градоначалникот Вадим Бојченко кажа дека руските трупи ја запреле евакуацијата на цивилното население.

„Има огромни уништувања на станбената инфраструктура. Има многу ранети, а, за жал, и мртви, меѓу нив и жени, деца и стари луѓе. Се случува геноцид на украинскиот народ. Окупациските сили на Руската Федерација сторија сè за да се спречи излегувањето на цивилите од градот. Прекинат е и железничкиот сообраќај, а локомотивите се гранатирани. Нивната цел е да нè уништат“, кажа Бојченко.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.