Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина.
– Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, изјави Зеленски на денешната прес-конференција.
„Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, рече тој и додаде: „Верувајте ми“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи за денешните преговори со Русија изјави дека не се работи за условите кои ги поставува нивниот сосед туку за за поентата зад секое прашање.
„Ние сме подготвени, како што реков, да разговараме за сите овие точки. Русија одамна формулираше одговори на сите нивни прашања. Едноставно верувам дека нема смисла да поставувате прашања ако веќе имате одговори. И ова е, мислам, она што го комплицира овој дијалог досега“, рече тој.
Инаку во моментот се води втората рунда на преговори меѓу Москва и Киев, потврдија Украинската делегација и белоруското Министерство за надворешни работи.
Михаил Подолјак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави фотографија од преговарачката маса.
„Почнуваме преговори со руските претставници“, напиша Подолјак на Твитер.