Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со африканската чума

0
By Biljana on March 4, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 4, 2022 12:29

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба.

Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

„Спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци“, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април, нагласува директорот, треба да воспостават високи биосигурносни стандарди.

„Доколку тие не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите. Со последното решение се засилува пасивниот надзор на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата, на целата територија на земјава“, потенцира Бабовски.

Тој додава и дека одгледувачите на свињи се должни да ја следат здравствената состојба на грлата и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво, а големите фарми имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. Ловните друштва, пак, треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање угинати диви свињи и за тоа да пратат извештај до официјален ветеринар. Од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена, задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите.

„Се засилува отстрелот на диви свињи во сите ловишта, независно од дозволениот број за отстрел со ловностопанските основи. Мостра од секоја застрелана дива свиња задолжително треба да се прати за лабораториско испитување, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат од анализата за утврдување на присуство на вирусот. Во текот на ловот мора да се почитуваат бисигурносните мерки при лов, а обработката на месото од застреланите диви свињи да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите“, подвлекува Бабовски.

Се забранува, вели, и прихранување диви свињи, освен за намамување за отстрел. Останува и забраната за работа на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи.

„Нема промени и во однос на забраната за држење свињи на отворено и колење на свињи во домашни услови. Повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот“, информира директорот на АХВ, Бабовски.

Извор: МИА

африканска чума АХВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.