НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Прифатен предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на швајцарска формула

0
By Ivana on March 4, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршувањето на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

-Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Финансиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економсските ресори и инвестици Фатмир Битиќи, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.

-Средствата предвидени за ова намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но, со оглед на тоа дека ова усогласување е исто така во делот на втората половина од годината, дополнително ќе може да се реализира и со ребалансот на буџетот, кој ќе биде во текот на годината, како и секоја година. Исто така и за еднократната помош ќе може да се реализира уште сега како што беше најавено од страна на премиерот, рече Битиќи.

Според него, ликвидноста во однос на исплатата на пензиите, без разлика на економската и енегретската криза, во ниту еден случај нема да биде под знак прашалник.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова нагласи дека се задоволни со постигнатото решение, бидејќи како што нагласи, тоа ќе доведе до долгорочно системско решение кое непосредно ќе се применува и нема да зависи од никаков акт на Влада, туку едноставно ќе обезбеди правна сигурност на корисниците на пензија, бидејќи фондот ќе може да ги усогласи пезиите врз основа на податоците што ќе ги добие од Државниот завод за статистика.

Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски по средбата истакна дека прв пат во историјата Владата посвети толку големо внимание на пензионерите и конечно се исполнило нивното барање за промена на методологијата за усогласување на пензиите.

-Со промена на оваа методологија е запазен принципот дека се пензиите се економска, а не социјална категорија и овој принцип на усогласување на пензиите е еден од најповолните принципи во Европа, па и во светот, истакна Николовски.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.